114 ден на 4 рати
248 ден на 4 рати
MOLLERS COD LIVER OIL 250ML JABOLKO
MOLLERS COD LIVER OIL Омега-3 масло од црн дроб на бакалар со вкус на јаболко, 250мл.
1.229 ден
307 ден на 4 рати
На залиха
На залиха
Флексибилно плаќање на 4 рати со 0% камата.
Овој производ може да се купи на рати преку mintCredit
Детален опис
Moller’s масло од црн дроб на бакалар со вкус на зелено јаболко е оригиналното норвешко масло од црн дроб на бакалар, патентирано од норвешкиот фармацевт Питер Молер во 1854 година, со цел да помогне да се одржи здравјето на генерациите што доаѓаат. Молерс е еден од најстарите норвешки брендови и еден од најстарите производи кои се продаваат во аптеките ширум светот. Овие факти се резултат на голема посветеност што ние во Молерс ги сфаќаме сериозно.
Moller’s маслото од црн дроб на бакалар е природен извор на Омега-3 ( ДХА+ЕПА ), добиено од див арктички бакалар кој е особено богат со омега-3 масни киселини, уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.
Moller’s содржи уникатна комбинација на природна омега-3(ДХА+ЕПА) и витамини Д, А и Е – нутритиенти кои се особено важни за правилен и нормален развој на мозокот, срцето, видот и придонесува за нормален имунолошки систем.
Состав:
98% Масло од црн дроб на бакалар (риба), природна арома (јаболко), ДЛ алфа токоферол ацетат (витамин Е), природни токофероли(антиоксиданс), ретинол палмитат (витамин А), холекалциферол (витамин Д).
ДХА придонесува за одржување на нормална функција на мозокот и видот **
ДХА и ЕПА придонесуваат за нормална функција на срцето ***
Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здрави коски.
Витаминот А придонесува за одржување на здрав вид.
Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
**Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА.
***Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА и ЕПА
