Додаток во исхраната со внимателно избрана комбинација на витамини од групата Б и растителни екстракти од глог и маточина, збогатен со концентрат од црвено вино.
Витамините Б1 и Б6 придонесуваат за нормална функција на нервниот систем и нормален енергетски метаболизам. Витаминот Б6 придонесува и за намалување на заморот и исцрпеноста, додека пантотенската киселина придонесува за нормални ментални перформанси. Витаминот Б1 придонесува за нормална функција на срцето.
Со пријатен билен вкус, овој тоник е практичен избор за дополнување на секојдневната исхрана со важни витамини и растителни состојки.
















